И покрај поразот: ФФМ со 40.000 евра премија како мотив за позитивно продолжување на квалификациите

ЕКИПА во Букурешт, Романија

Владимир Булатовиќ

Фудбалската федерација на Македонија, и покрај поразот од Романија на стартот од квалификациите за СП 2022, ќе им додели премија на репрезентативците во висина од 40.000 евра.

Премијата е еден вид мотив повеќе за фудбалерите за позитивно продолжување на мундијалскиот пат.

“Репрезентативците одиграа квалитетен натпревар согласно сите очекувања, и наспроти поразот сакаме со премија да дадеме само еден мал дополнителен поттик за позитивно продолжување на овој пат во квалификациите за СП 2022. Ние сме само на почеток од квалификациите и треба да се продолжи позитивно затоа што се уште долг е патот” – соопшти претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини по натпреварот во Букурешт.

Се вчитува...