И Попзлатанов официјално промовиран во Рига ФС

Довчерашниот фудбалер на Вардар, Јован Попзлатанов и официјално промовиран во летонскиот вицешампион Рига ФС.

Поранешниот младински репрезентативец во Рига се приклучува на досегашниот свој соиграч од Вардар, Дарко Мицевски.

Попзлатанов за првпат стартува интернационална кариера. Од Вардар претходно заминаа и Бразилецот Чарлестон во Македонија ЃП, Матеј Цветановски во Шкупи, Хрватот Мартинага во Академија Пандев, а на пат кон струмичкиот прволигаш е и Андреј Стојчевски.

Се вчитува...