Шкотската фудбалска асоцијација ја загуби довербата во претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и нема да го поддржи неговиот реизбор на почетокот на 2027 година, потврди извршниот директор на асоцијацијата, Иан Максвел.
Инфантино се најде под зголемен притисок поради идејата за формирање нова компанија која би управувала со комерцијалните права и продажбата на билети за сите натпреварувања на ФИФА, вклучително и Светското првенство. Планот предвидуваше продажба на 21 отсто од компанијата на фирма за приватен капитал.
Проектот наречен „FIFA Forward Enterprise“ (FFE) на крајот беше напуштен по бројните критики од фудбалските конфедерации, првенствено од УЕФА, која се закани со бојкот на сите натпреварувања под покровителство на ФИФА.
„Ставот на Шкотската фудбалска асоцијација е јасен уште од состанокот на 55-те членки на УЕФА. Ние останавме доследни на ставот на УЕФА, а 55 земји имаат посилен глас од една“, изјави Максвел за Би-би-си.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
