И Реал е против Инфантино: Благодарност до УЕФА што застана на патот

Најголемиот европски клуб Реал Мадрид јасно стави до знаење дека се спротивставува на Џани Инфантино и начинот на кој актуелниот претседател раководи со светскиот фудбал во последниот период.

„Кралевите“ преку соопштение јасно го искажаа својот став за пропаднатиот проект за „продажба на светското првенство“, воедно јавно заблагодарувајќи се на УЕФА за чекорите преземени за овој план на Инфантино да пропадне.

„Реал Мадрид ја поздравува одлуката на ФИФА да се откаже од планот за продажба на комерцијалните права на своите натпреварувања. Нашиот клуб верува дека тоа е добра вест за фудбалот и за милионите фанови ширум светот. Сакаме да изразиме голема благодарност на УЕФА, како и на останатите конфедерации и национални федерации кои јавно се спротивставија на овој проект. Со заедништво и со одговорност го заштитивме фудбалот во клучен момент. Клубовите се темел на кој се градат сите меѓународни натпреварувања, тие откриваат и развиваат фудбалери беа кои овие натпреварувања на би биле возможни. Светските првенства се настани од јавен интерес и нивното наследство им припаѓа на нациите, навивачите и на целокупното општество. Затоа, тие никогаш не смеат да бидат третирани како финансиски компоненти од кои ќе профитира одредена група луѓе“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

Се вчитува...