И Ренова со реакција на судењето за меч против „пандевци“: Ова што се случува е организиран криминал во корист на Академија Пандев!

Нешто слично како и Работнички и Тиквеш по нивните натпревари против Академија Пандев во претходните рунди од шампионатот, и од екипата на Ренова жестоко револтирани од начинот на делење на правдата на вчерашниот натпревар во Струмица на кој „гипсарите“ со пресврт во второто полувреме загубија со 1-2.

„Сакаме да ја прашаме судиската организација: Дали треба ние другите клубови предвреме да се откажеме од мечот и да ги дадеме бодовите кога играме против Академија Пандев?!!! Бидејќи ова што се случува во првите четири кола од првенството е организиран криминал во нивна корист а на штета на другите клубови. На почетокот на второто полувреме кога резултатот беше 0-1 во корист на нашиот клуб, судијата почна да ги применува методите како да се помогне на противникот, мислејќи на погодоци од пенали кои не постоеја, шутеви од агол…., се додека не се неутрализираше резултатот. Сега гледаме дека сите реакции на другите клубови биле се во право за натпреварите против горенаведениот клуб. Воопшто не сакаме да се појавуваме во јавност со вакви реакции, но не можеме ни да ги затвориме очите пред ова што се случува“ – се вели во реакцијата од ФК Ренова.

Се вчитува...