И Роберто Манчини позитивен на коронавирус

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини е позитивен на коронавирус, потврдија од фудбалската федерација на Италија. Тоа значи дека Манчини нема да може да ги предводи „аѕурите“ во ноемврискиот циклус во Лигата на нации.

Претходно денеска беше потврдено дека и ѕвездата на Рома, Един Џеко е позитивен на Ковид-19.

 

Се вчитува...