И Русите останаа без клучен играч пред СП во Кина

Како што се ближи стартот на кошаркарскиот мундијал, така се зголемуваат и проблемите на селекторите околу повредите на клучните играчи. Франција остана без Томас Ертел, Србија нема да може да смета на капитенот Милош Теодосиќ, а сега со огромна главоболка се соочи и рускиот селектор, кој за шампионатот во Кина не може да смета на услугите на Алексеј Швед.

Асот на Химки веќе подолго време влече незгодна повреда на скочниот зглоб, а откако од лекарите му било соопштено дека ќе паузира уште најмалку еден месец, стана јасно дека Швед нема да може да помогне на „зборнаја“ за време на настапите во Кина.

„Не можев ни да замислам дека може да се случи да не настапам на СП во Кина, многу сум тажен. Цело лето работев индивидуално, се обидував да го санирам проблемот, но не ги минав деталните лекарски прегледи. Докторите не ми дозволија да продолжам и ми наредија мирување во следните 30 дена, по што веднаш го контактирав селекторот Сергеј Базаревич“ – изјави Швед.

Се вчитува...