Факт е дека најголемите НБА ѕвезди главно имаат далеку подобар третман од судиите, во однос на обичните „смртници“ на теренот. Но, и самите судии некогаш претеруваат во прегледувањето низ прсти.
Лејкерси синоќа славеа во Портланд, а еден „актерски момент“ на Леброн Џејмс го одбележа мечот. Момент кој предизвика силен бес меѓу неутралните навивачи кои тврдат дека Леброн има и тоа како заштита од судиите.
Џејмс промаши положување при еден контранапад па се одлучи да фолира прекршок од Ентони Толивер. Судиите наседнаа иако во ситуацијата немаше апсолутно никаков контакт…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА