И сеир од Шкендија за шампионот: Тетовци со оро на клупа си прославуваа сред натпревар (ФОТО)

Вардар, за жал, сам си дозволи да го доживее едно од најголемите посрамотувања во сопствената историја со хаотичните одлуки и начинот на кој се спротистави на Шкендија во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Тетовци лесно си обезбедија пласман во полуфиналето, а си дозволија и сеир за шампионот среде натпревар. Клупата од Шкендија на стадионот во Тетово си викна и музика па во финишот на натпреварот и со оро се прославуваше убедливиот триумф против Вардар и продолжувањето на битката за двојната круна сезонава…

Шкендија сосема заслужено си се радуваше, на сметка на „вардарци“ кои и тоа како пред себе имаат моменти за длабоко размислување!

Се вчитува...