И Темелков и Ричков од Вардар нови имиња во Кит-Го

Поранешниот фудбалер на Вардар, Александар Темелков е најновото засилување за новиот второлигаш Кит-Го од Пехчево.

30-годишниот фудбалер од средниот ред дефинитивно ќе биде едно од најголемите засилувања за амбициозниот второлигаш чија амбиција во новата сезона е влез во Првата лига. Темелков има шампионска титула со Вардар, а претходно во својата кариера има настапи и за Силекс, Брегалница и Ренова.

Покрај Темелков, ново има во Кит-Го е и 19-годишниот десен бек од Вардар, Андреј Ричков.

Како што е познато, претходно Кит-Го се договори за ангажман и на фудбалерот на Силекс, Глигор Глигоров како и на голманот Мирза Дураковиќ од Еуромилк ГЛ.

Се вчитува...