И тимот на Раул Гонзалес не е веќе непобедлив: Сегед му зема мерка на ПСЖ

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен. Неговиот тим загуби на гостувањето прптив Сегед со 33-32. Во деветтото коло од елитното клупско натпреварување, составот на Пари Сен Жермен ја почувствува горчината на поразот.

Сегед во првиот дел го изненади францускиот тим со агресивна игра и на полувреме имаше два гола предност (16-14). Возбудливо беше до самиот крај, а славеа домаќините со 33-32. Стефан Сигурмансон со 11 гола го „торпедираше“ ПСЖ, а во францускиот тим најефикасен беше Ремили со осум гола.

Во групата Б, ПСЖ е првопласиран со 16 бода, а следи Сегед со еден бод помалку.

Се вчитува...