И тоа го има: Кошаркарски меч во Хрватска завршил 218-0

Звучи неверојатно, но ете и тоа се случи – еден кошаркарски натпревар заврши со резултат 218-0. И тоа во Хрватска, во рамките од кадетското натпреварување откако тимот на ФСВ го декласираше градскиот ривал Кварнер со најубедлив резултат во историјата на хрватската кошарка, но и пошироко.

Сепак, мора да се истакнат околностите со кои дојде до еден ваков развој на настаните. Имено, Кварнер сакаше да се натпреварува за место во Првата сениорска лига, но тоа не му беше дозволено на клубот од Ријека бидејќи немал своја екипа во кадетското натпреварување. Во „сивата зона“ на избегнување на правилата Кварнер за само неколку дена собрал десет девојчиња, кои покрај кошаркарското (не)знаење се и неколку години помлади од ривалките.

Резултатот е јасен – покрај поразот од 218-0 од ФСВ младиот тим на Кварнер загуби и со 104-5 од Госпич. Најважно е да се покаже „на хартија“ дека се има младински тим, за да парите се трошат на првата екипа во првата лига. Звучи познато, зарем не…

Се вчитува...