И тоа го има во Хрватска: Цел тим се нареди и му сврте грб на тренерот

Обично вакви слики гледаме при изведување на пенал рулет, но во Хрватска бевме сведоци на искажување на незадоволство од сопствениот тренер. Фудбалерите на Истра го привлекоа вниманието на балканската фудбалска јавност откако конфликтот со тренерот Марио Тот го крунисаа редејќи се прегрнати еден крај друг, вртејќи му грб на шефот на стручниот штаб пред денешниот дуел со Динамо Загреб на „Максимир“.

Еден ден пред оваа средба фудбалерите го избркаа тренерот од клупскиот автобус, потоа сите потпишаа петиција до раководството со што јасно ставија до знаење дека немаат намера повеќе да играат за Тот.

Раководството не го смени тренерот, тој сам допатува во Загреб, а фудбалерите со овој потег само покажаа што мислат за својот „шеф“.

Динамо Загреб го доби овој натпревар со минимални 2-1, откако актуелниот првак на Хрватска за триесетина минути поведе со 2-0, пред Истра да го ублажи поразот со голот на Прелчец во 83. минута.

Се вчитува...