И тоа го видовме: Го прекина финалето – за селфи со Вемби

Во минатото бевме сведоци на прекини на големи спортски настани поради влетување на навивачи на терен, но никогаш досега такво нешто се немаше случено во големото финале на НБА-лигата.

Се до рано утрово, кога еден навивач на Сан Антонио реши да влета на терен, за да има селфи за спомен со Виктор Вембињама.

Мечот беше максимално напнат и неизвесен, а на шест и пол минути до крајот Сан Антонио бркаше негатива од шест поени кога играта беше прекината. Во прв момент кошаркарите не сфатија за што станува збор, додека не го видоа навивачот како застанува крај Вемби и се фотографира, пред да биде изнесен од салата од страна на обезбедувањето.

Се вчитува...