И тоа го видовме: Во иста сезона стана шампион и испадна од лигата

Марк–Андре Тер Штеген одигра само неколку натпревари во сезоната 2025/26 но стигна до неверојатна коинциденција, во иста сезона се закити со шампионски трофеј и испадна од елитното друштво.

Германскиот ветеран ја почна сезоната како член на Барселона, не доби шанса на голот на каталонскиот гигант, па во јануари реши да замине на позајмица во Џирона. Веднаш следеше нова повреда и пауза, 34-годишниот Германец успеа да одигра неколку средби за новиот клуб, но не и да го спаси новиот тим од испаѓање.

Вчерашното реми на Џирона со Елче значеше и дефинитивна преселба во понизок ранг на натпреварување, а неизвесно е каде ќе биде Тер Штеген, ако се знае дека позајмицата му заврши на крајот од сезонава, а од Барса веќе доби јасна порака дека веќе не се смета на неговите услуги.

Тер Штеген во кариерата има 423 настапи во дресот на каталонскиот гигант, од кои на 176 натпревари успеал да ја сочува мрежата незатресена.

Се вчитува...