И тоа се случи – Роналдо даде гол од слободен удар за Јувентус

Кристијано Роналдо долго чекаше, но конечно дочека и денеска го постигна својот прв гол од слободен удар во дресот на Јувентус. Португалецот и сезонава е прв стрелец на „старата дама“, но често беше критикуван бидејќи инсистира тој да ги изведува слободните удари иако ниту еднаш ја немаше затресено противничката мрежа од ваква ситуација откако го облече црно-белиот дрес.

Статистиката говори се, Роналдо пред денешното ремек-дело имаше дури 43 неуспешни обиди од слободен удар, но најважно за Кристијано и за Јувентус е што на „црната серија“ и дјде крај, а Португалецот во топ-форма го дочекува крајот на сезоната.

Се вчитува...