И Владан Липовина ја напушта Црна Гора

Продолжува серијата откази во машката ракометна репрезентација на Црна Гора. По Вуко Борозан, Небојша Симиќ и Бранко Вујовиќ од црногорскиот дрес се откажа и поранешниот ракометар на Металург, Владан Липовина (24).

Црногорскиот десен бек кој после Металург две сезони настапуваше за Вецлар, а сега е прв стрелец во Обединетите Арапски Емирати во составот на Ал Наср, му се заблагодарил на селекторот Драган Ѓукиќ и потврдил дека повеќе нема да игра за репрезентацијата на Црна Гора.

Според црногорските медиуми, Липовина го известил раководството на црногорската репрезентација дека не сака да биде дел од националниот тим поради лошите односи и хаотичната состојба што владее во репрезентацијата.

Отказите во репрезентацијата на Црна Гора доаѓаат пред завршните четири натпревари во квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска, во кои Црногорците се во група со Шведска, Русија и со Словачка.

Се вчитува...