И втора победа за Брегалница на подготовките во Бугарија

Штипска Брегалница стигна и до втората победа за време на подготовките во Сандански. „Сините“ денеска славеа против бугарскиот второлигаш Ботев Враца со 1-0.

Брегалница до триумфот стигна со погодокот на Мирослав Јовановски уште во првиот дел од средбата.

Претходно, како што е познато, Брегалница славеше против Обриште, а пред заминувањето за Бугарија, штипјани славеа со 2-1 на пријателскиот натпревар против Работнички.

 

Се вчитува...