Партизан одлично ја финишира сезоната во АБА-лигата на резултатски план, но „црно-белите“ се соочуваат со огромни проблеми во обидите да договорат врвни засилувања за летниот преоден рок.
Српскиот гигант е фокусиран на врвен поентер, главна желба му беше Коби Симонс, но овој кошаркар реши да ја прифати понудата за нов договор со Басконија, по што челниците на Партизан го насочија вниманитео кон Армони Брукс. Американскиот бек дури и начелно ја прифати понудата од четири милиони долари за двогодишен договор,
Последните информации говорат дека „црно-белите“ повторно ќе останат со празни раце, откако Брукс во меѓувреме се договорил за преселба во Асвел. Францускиот тим долго беше со најмал буџет во Евролигата, но летово тоа ќе се промени, а планот на управата на овој клуб е токму Брукс да биде „прва виолина“ за наредната сезона.
Тој добил понуда од 4,6 милиони долари за двогодишна соработка и истата ја прифатил, решавајќи да си замине од Олимпија Милано и да се пресели во Франција, наместо во главниот град на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
