И Жиру завршува со репрезентацијата по ЕВРО 2024: „Време е за помладите“

И Оливие Жиру објави дека ја завршува репрезентативната кариера по крајот на Европското првенство 2024 во Германија ова лето.

Францускиот напаѓач, како што е познато, заминува од Милан по три години во клубот и кариерата ќе ја продолжи во МЛС-лигата во редовите на ЛА ФЦ. Сега официјално објави дека натпреварите на Европското првенство ќе бидат негови последни во репрезентацијата на Франција.

„Тоа ќе биде мојот крај со репрезентацијата. Очигледно е дека многу ќе ми недостасува репрезентативниот дрес, но морам да им го отстапам местото на младите играчи“ – вели 37-годишниот Жиру.

Во дресот на „триколорите“ досега има 131 настап и 57 постигнати голови.

Се вчитува...