Ибра е во шок по смртта на Раиола: „Да имам таква статистика нема да ми требаш, и мајка ми ќе ме продаде!“

Најголемиот фудбалски менаџер на денешницата, Мино Раиола почина вчера на 54-годишна возраст.

Супер-агентот својата кариера ја почна на крајот на 80-те години од минатиот век, а прв поголем трансфер за него беше оној на Павел Недвед од Спарта во Јувентус.

Раиола пред смртта застапуваше голем број светски фудбалери како Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд, Џанлуиџи Донарума…, но со никого не беше близок како со Ибра, со кого ги минал и последните минути во болничката соба.

Како што пренесува „Скај Спорт – Италија“, Ибрахимовиќ кога дознал веднаш го напуштил тренингот на Милан и се упатил во билница каде сакал да биде заедно со семејството на неговиот агент кој му помогна да реализира неверојатна кариера.

Уште во времето кога играше во Ајакс почна соработката меѓу Ибра и Раиола. Шведскиот напаѓач во неколку наврати претходно објаснуваше како се почнало.

„Замолив еден новинар во Холандија да ми предложи агент, затоа што ситуацијата не беше под контрола. По седум дека ми го предложи агентот на Дејвид Бекам или ‘Италијанец за кој мислам дека ќе ти се допадне. Тој е твој стил, оној од улица’ – ми рече. Беше тоа Мино Раиола“ – се потсетува Ибрахимовиќ и продолжува:

„На првиот состанок извлече некои парчиња хартија велејќи ми дека се одлични играчи со неверојатна статистика. Пишуваше: Андреј Шевченко – 25 натпревари и 23 гола. Пипо Инзаги – 27 натпревари и 25 гола, Бобо Виери – 24 натпревари и 23 гола и Златан Ибрахимовиќ – 21 натпревар и четири гола. Ми рече: ‘Па како јас да те продадам, кога имаш ваква статистика!?’. Но, јас каков што сум, верував во себе и му реков дека тој нема да ми е потребен ако имам статистика како тие наведени играчи. Со таква статистика и мајка ми би ме продала. Мино само се насмеа, а се останато е историја“.

Италијанските медиуми наведуваа дека Ибрахимовиќ би можел да добие слободни денови од Милан поради сочувство по смртта на Раиола, но тој е во тимот за денешниот натпревар во Серија А против Фиорентина, со оглед на тоа дека „црвено-црните“ се борат за Скудетото.

Се вчитува...