Ибра го реши и Наполи, Елмас доби шанса во финишот (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ продолжува со неверојатните партии во Серија А. Следен на менито на шведскиот интернационалец беше Наполи, кој го послужи со два гола во 20. и 54. минута. Почесниот погодок за наполитанците го постигна Мертенс во 63. а до крајот за издвојување е и црвениот картон кој го заработи Бакајоко во 65. минута, како и голот на Хауге во 94. за конечни 1-3. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во 90. минута.

Милан останува лидер во Серија А со 20 бода, додека Наполи е шести со 14.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...