Златан Ибрахимовиќ беше херој на Милан во победата во големото дерби против Интер од 2-1. Неговата партија предизвика воодушевување во фудбалскиот свет, а некои сметаат дека во моментов тој е најдобриот фудбалер во Серија А. Поранешниот тренер на Милан, Јувентус и Интер, Алберто Закерони нема дилема дека во моментов Ибрахимовиќ прави поголема разлика на теренот од Кристијано Роналдо.
„Тренирав многу големи шампиони во кариерата, но жалам што никогаш немав шанса да го тренирам Ибрахимовиќ. Тој е вечен и се уште не ми е јасно како никогаш не ја освои „Златанта топка“. Во Серија А дефинитивно прави поголема разлика на теренот од Кристијано Роналдо“, изјави Закерони.
Милан одлично го стартуваше новиот шампионат и во моментов се наоѓа на првата позиција на првенствената табела со максимален учинок. Јувентус немаше баш најдобар старт и во моментов заостанува четири бода зад првопласираниот Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА