Ибра со говор кој ќе ве наежи: Милано веќе не е на Милан, Италија сега е на Милан! (ВИДЕО)

По освојвуањето на скудето, Златан Ибрахимовиќ ги собрал сите во соблекувалната, а на почетокот им посочил дека овој говор нема да биде за крај на неговата кариера.

Швеѓанецот говорел за сезоната, како сите го гледале Милан од почетокот, но сега ситуацијата се променила.

„Дојдете сите тука! Момци, бидете мирни, нема да се збогувам … Момци, од првиот ден кога дојдов јас, а потоа дојдоа сите останати, малкумина веруваа во нас. Но, кога дознавме дека треба да дадеме жртва, да патиме, да веруваме, да работиме … Сега, ние сме шампиони на Италија. Прво, сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи. Говорам во име на целиот тим сега, исто сакам да искажам благодарност до Паоло Малдини, Рики Масара и Иван Газидис. Не беше лесно, но ние бевме вистиснка група оваа сезона. На стартот на првенството никој не веруваше во нас, но со почитување на принципите, станавме посилни. Многу сум горд на сите вас. Сега, направете ми услуга – славете како шампиони, затоа што Милано повеќе не му припаѓа на Милан, туку цела Италија е на Милан!“, гласел говорот на Ибрахимовиќ.

Видеото од Ибра можете да го погледнете тука.

Се вчитува...