Ибрахимовиќ: Ако Милан остане ваков каков што е, тогаш си одам!

Златан Ибрахимовиќ повторно навести дека заминува од Милан, главно поради несогласувањата со неамбициозноста на претседателот Иван Газидис.

„Ибра игра за нешто да освои, или во спротивно останува дома“ – одговори Ибрахимовиќ во интервјуто за „Спортсвик“.

„Ми рекоа дека заминувањето во САД е бегање од фудбалот, па затоа се вратив во Милан. Тука сум чисто поради страст, затоа што во основа играм бесплатно… Тогаш се појави и оваа ситуација со коронавирусот, па помислив дека сето тоа ми кажува дека треба да се повлечам. Но, за среќа, се вративме на терен и мојата повреда е минато. По два дена се приклучив на тимот иако сите ми зборуваа дека не треба да брзам. Но, Ибра е таков“ – вели 39-годишниот шведски напаѓач.

Ибрахимовиќ нагласува дека во Милан без амбиции не сака да остане…

„Ќе видиме што ќе се случи за два месеци, но може да кажам дека Ибра не е играч за Лига Европа, а Милан не е клуб за тоа натпреварување“.

Веќе се најавува и заминување на тренерот Стефано Пиоли кој треба да го наследи Ралф Ренгник.

„Кој е Ренгник? Не знам ни кој е тој“ – во негов стил порачува Ибрахимовиќ.

Се вчитува...