Ибрахимовиќ би се сложил и за помала плата да остане на „Сан Сиро“

Шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ дефинитивно не заминува во пензија, а се поголема е можноста да остане во редовите на Милан уште една сезона. Откако Стефано Пиоли доби нов двегодишен договор на клупата на „росонерите“, се отвори и опцијата Ибракадабра да остане на „Сан Сиро“ и следната сезона. Претходно, сите претпоставуваа дека доаѓањето на Германецот Ралф Рангник ќе значи и дека Златан Ибрахимовиќ ќе мора да замине, и тоа во шведскиот Хамарби.

Мино Рајола, агентот на Златан Ибрахимовиќ и на Џанлуиџи Донарума, испрати приватен хеликоптер по двајцата членови на Милан и имаше состанок со нив во Монте Карло. Одлуката е и двајцата да останат во клубот од Милано и следната сезона, а Златан Ибрахимовиќ би се сложил и на значително намалување на платата. Според „Кориере дело спорт“, Ибра следната сезона би заработувал 3 милиони евра.

Се вчитува...