Ибрахимовиќ го водеше Милан до победа над Удинезе, Несторовски остана на клупа (ВИДЕО)

Милан стигна до нова победа во италијанскиот шампионат откако на гостински терен го совлада Удинезе со 1-2. Повторно прво име на „росонерите“ беше неверојатниот Златан Ибрахимовиќ кој беше главен виновник за победата со гол и асистнција.

Прво во 18. минута му асистираше на Франк Кеси за водство од 0-1, а потоа со маестралниот гол во 84. минута донесе и победа од 1-2. Претходно домаќините преку Паул од пенал во 48. израмнија на 1-1. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски мечот го помина на клупата за резерви.

Милан останува прв на табелата со 16 бода, додека Удинезе е 18. со само еден триумф.

 

 

 

Се вчитува...