Ибрахимовиќ: Јас сум претседател, играч и тренер…, само што добивам само една плата!

Златан Ибрахимовиќ не го криеше задоволството од големата победа на Милан од 4-2 против Јувентус, по голем пресврт и покрај предноста на „Старата дама“ од 0-2.

По мечот популарниот Ибра нагласи дека Милан би ја освоил и титулата тој порано да пристигнел во клубот.

„Да бев јас овде од почетокот на сезоната ќе ја освоевме титулата“ – рече низ насмевка Ибрахимовиќ најавувајќи и збогување со Милан за еден месец.

„Имам уште еден месец да се забавувам. Единствено ми е жал што навивачите повеќе никогаш нема да може да ме видат во живо. Зошто? Читајте меѓу редови. Стар сум, тоа не е тајна, но годините се само бројка. Ми оди добро, се обидувам да му помогнам на тимот“.

А, дали можеби се подготвува за тренер?

„Јас сум претседател, играч и тренер! Единствениот проблем е што добивам само една плата, како играч“ – во негов стил одговара Ибрахимовиќ.

Се вчитува...