Ибрахимовиќ како Дедо Мраз – Божиќ дојде порано во Милан

Златан Ибрахимовиќ е лидер на Милан на теренот, но шведскиот ас знае како да ги воодушеви соиграчите и надвор од него. Така, Златан се претстави во улога на „Дедо Мраз“, еден месец пред божиќните празници честитајќи им ги на соиграчите со фантастични подароци.

Станува збор за конзоли за игри Сони плејстејшн 5, кои во Европа беа пуштени во продажба во четвртокот, а ИБрахимовиќ беше еден од најактивните купувачи. Имено, тој купил 25 конзоли, по што во текот на вчерашниот ден на сите соиграчи им подарил по една.

Нема сомнеж, ова е гест што уште повеќе ќе ја крене атмосферата во соблекувалната на Милан, по одличниот старт на сезоната во кој „росонерите“ моментно се лидери на табелата во Калчо-лигата.

Се вчитува...