Ибрахимовиќ: Ќе играм и во петтата деценија од животот

Златан Ибрахимовиќ и 39 годишна возраст продолжува да освојува награди. Швеѓанецот се наоѓа во одлична форма во Милан и истото му ја донесе наградата за најдобар шведски играч, по 12 пат во неговата богата кариера.

„Благодарам на сите. Се е можно кога веруваш и вложуваш многу време и труд, а тоа го докажав и овој пат. Имам големи очекувања од себе. Вложувам големи напори за секој пат да се претставам на одредено ниво. Работам многу и се жртвувам. Се припремам добро и следам рутина која ми помага да се осеќам живо. Покрај тоа имам и добри луѓе околку себе“ – го откри Ибрахимовиќ рецептот за успех.

По настапите во САД, голгетерот се врати во Италија каде помина седум сезони и докажа дека сеуште е на врвно ниво. Сега одново го предводи Милан, а не мисли на пензија.

„Во секој случај не можам да кажам збогум на фудбалот пред празни трибини. Затоа им верувам на навивачите дека ќе ги чекам на теренот и покрај тоа што имам 39 години. Имам цели и по четири децени живот“ – додаде Швеѓанецот.

Се вчитува...