Ибрахимовиќ кога се радува крши се пред себе – Клупскиот автобус остана без шофершајбна (ВИДЕО)

Голем број навивачи на Милан се појавија на „Сан Сиро“ и ги пречекаа своите миленици пред еден од одлучувачките натпревари против Аталанта. Лидерот во Серија А ја оствари целта и победи со 2-0, со што ја задржа лидерската позиција на табелата.

Пред, за време и по мечот атмосферата која ја приредија домашните навивачи беше фантастична. Дополнителна „инјекција“ добија од Златан Ибрахимовиќ, кој побара од нив да направат шоу, а притоа успеа да ја скрши шофершајбната од клупскиот автобус.

Милан има два бод предност пред Интер, а во последното коло од сезоната ќе гостува кај Сасуоло.

 

Се вчитува...