Ибрахимовиќ не простува никому, судијата му простува на Ибрахимовиќ (видео)

Златан Ибрахимовиќ се најде во центарот на вниманието во финишот од полувремето меѓу Манчестер јунајтед и Бурнемаут, откако Швеѓанецот не доби црвен картон што апсолутно го заслужи со стартот врз Тајрон Мингс, кој со лакотот го удри во главата противничкиот дефанзивец.

Неполна минута претходно Мингс случајно го згазна по главата Ибракадабра, а Златан уште еднаш покажа дека не простува никому, па веќе во следната акција по центаршут од левата страна го удри Мингс по главата, по што противничкиот дефанзивец остана да лежи на теренот. Судијата Кевин Френд имаше одличен преглед на ситуацијата, но не покажа храброст да го исклучи најдобриот домашен фудбалер, кој згора на тоа веќе имаше жолт картон, поради приговор.

За гостите да бидат уште побесни, нивниот член Сурман, кој го турна Ибрахимовиќ по бруталниот старт, доби директен црвен картон, па Јунајтед ќе има играч повеќе во второто полувреме на „Олд трафорд“.

Andrew Surman Red Card HD – Manchester United 1… by denysenathanTyrone Mings Horror Foul on Zlatan Ibrahimovic… by marcelinocortese

Се вчитува...