Ибрахимовиќ потврди дека е „бог“ на Милано, Имобиле стрелаше, дебакл и грижи за Џенова

Милан оствари сигурен триумф (1-4) на гости против Сампдорија, а Златан Ибрахимовиќ беше стрелец на два гола со што влезе и во историјата на фудбалот во Милано. Тој сега има над 50 гола постигнати и во дресот на Милан и во дресот на Интер во кариерата. Поточно, 51 за „росонерите“ и 57 за „нероаѕурите“. Голови за Милан постигнаа и Хакан Чалханоглу и Рафаел Леао, а единствениот погодок за Сампдорија го постигна Кристофер Аскилдсен.

Лацио рутински ја совлада Бреша со 2-0. Хоакин Кореа го отвори резултатот, а Чиро Имобиле дојде до 35. погодок во сезоната во трката за „Златната копачка“.

Џенова доживеа дебакл на гостувањето кај Сасуоло, загуби со 5-0 и си го загрози опстанокот пред последното коло. Лече славеше на гости против Удинезе со 1-2 и се доближи на само бод негатива во однос на Џенова. Ќе решава последното коло кога Џенова ќе биде домаќин на Верона, а Лече ја пречекува Парма.

Пандев играше до 72.минута за тимот на Џенова во убедливиот пораз, а Илија Несторовски доби полна минутажа за Удинезе.

Се вчитува...