Шок за Милан: Ибрахимовиќ пропушта четири важни натпревари

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се здоби со повреда на мускулот поради која ќе мора да паузира пред следната анализа на неговата здравствена состојба закажана за десет дена.

Швеѓанецот се повреди во победата на Милан над Рома (2-1) на Олимпико, поради што беше заменет, а медицинскиот извештај открива дека станува збор за повреда на левиот адуктор. До следниот медицински преглед, Златан ќе мора да ги пропушти натпреварите против Удинезе, Верона, Наполи и еден дуел против Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа.

Милан се соочува со големи проблеми, со оглед на тоа што Хакан Чалханоглу исто така е повреден, па ќе го пропушти натпреварот во среда со Удинезе.

Се вчитува...