Ибрахимовиќ промаши пенал, па се налути и даде евро-гол (видео)

Златан Ибрахимовиќ е во главна улога и на вечерашниот натпревар меѓу Милан и Калјари, на кој „росонерите“ по шеесетина минути игра имаат водство од 2-0.

Клаван со автогол им донесе водство на домаќините, а пред крајот на полувремето Ибрахимовиќ имаше идеална можност од пенал, но не успеа да го реализира ударот од белата точка. Швеѓанецот трпеливо ја чекаше својата шанса во вториот дел, а штом му се укажа постигна прекрасен погодок од петнаесетина метри, со силен „проектил“ матирајќи го голманот на Калјари.

Се вчитува...