Српскиот стратег Синиша Михајловиќ ја претстави својата автобиографија „Мечот на животот“. Многу познати лица се јавија за да зборат со Михајловиќ на претставувањето, а меѓу нив беше и Златан Ибрахимовиќ. Ибра во јавувањето призна дека Синиша е единствениот човек на светот за кој бил подготвен ако треба да игра и бесплатно.
„Кога чув дека Синиша е болен не знаев кој е најдобар момент да го повикам. Сакав да му ја дадам цела сила на овој свет, но не можев. Му реков дека ќе направам се за него, ако треба и бесплатно ќе играм“, изјави Ибрахимовиќ.
Сепак, на крајот Ибра не потпиша за Болоња туку се врати во Милан, тим со кој годинава е на првото место во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА