Ибрахимовиќ трагичар – Јунајтед само до бод со Бурнемаут

Манчестер јунајтед уште еднаш ги разочара своите фанови играјќи нерешено на домашен терен против тотален аутсајдер. Бурнемаут овојпат беше тимот што стигна до бод на „Олд трафорд“, ремизирајќи 1-1 иако гостите играа со фудбалер помалку цело второ полувреме. Златан Ибрахимовиќ беше човекот на одлука на овој натпревар, промашувајќи пенал во вториот дел откако судијата Френк направи голема грешка што не го исклучи голгетерот на јунајтед уште во финишот од првото полувреме.

„Црвените ѓаволи“ уште од првата минута тргнаа во тотална офанзива, а по неполни 100 секунди ја имаа и првата стопроцентна шанса, кога Руни не се снајде најдобро. Избранците на Мурињо не искористија уште неколку „зицери“ пред кон средината на полувремето конечно да постигнат гол, кога Рохо најдобро се снајде по обидот за удар на Антонио Валенсија и од десетина метри го совлада Боруч. Јунајтед продолжи да напаѓа, но гостите неочекувано израмнија со пеналот на Џошуа Кинг, откако Фил Џонс направи наивен прекршок во својот шеснаесетник.

Во самиот финиш од полувремето судијата Кевин Френд направи огромна грешка, простувајќи му очигледен црвен картон на Златан Ибрахимовиќ, но затоа исклучувајќи го гостинскиот фудбалер Сурман поради туркање на Ибракадабра по неговиот брутален старт.

Во 72. минута „ѓаволите“ добија и идеална можност пак да поведат, но Ибрахимовиќ не реализираше пенал откако Боруч продолжи со извонредниот настап на голот на Бурнемаут. Јунајтед тргна во тотална офанзива, но не создаде премногу шанси, а во финишот шанса да биде херој пропушти Пол Погба, кој не реализираше две одлични можности во судиското продолжение.

Marcos Rojo Goal HD – Manchester United 1-0… by enteritament

Joshua King Goal HD – Manchester United 1-1… by Jek09Pre

Andrew Surman Red Card for Horror Faul HD… by timefootball

Zlatan Ibrahimovic Missed Penalty HD… by meteoalex1

Се вчитува...