Ибрахимовиќ: Веќе не шутирам пенали…

Златан Ибрахимовиќ со гол во 93. минута го спаси Милан од пораз, но шведскиот ас е свесен дека не одигра на посакуваното ниво. Тој имаше шанса да донесе израмнување уште кон средината на второто полувреме, но промаши цел гол од пенал, што беше трет нереализиран пенал на Ибракадабра сезонава.

„Не се радувам за голот, лут сум бидејќи реми не е доволно за Милан на овој меч. Имавме толку многу шанси, јас промашив и пенал… Веќе не шутирам пенали, следниот ќе му го оставам на Кеси, тоа ќе биде најдобро за сите. Не беше лесно, но успеавме да се вратиме од два гола негатива, клучно е што не ја загубивме самодовербата и што игравме буквално до последниот свиреж на судијата“, истакна Златан по натпреварот.

Милан заминува како лидер и на оваа репрезентативна пауза, „росонерите“ имаат 17 бода на своето салдо, пред Сасуоло со 15, Наполи и Рома по 14, Јувентус и Аталанта по 13, Интер 12…

Се вчитува...