Ибрахимовиќ во јуни се пензионира и ја презема менаџерската агенција на Мино Раиола!?

Златан Ибрахимовиќ се пензионира по крајот на сезоната, и го презема бизнисот на досегашниот негов менаџер Мино Раиола, кој вчера почина на 54-годишна возраст.

Популарниот Ибра е скршен од болка по загубата на Раиола, сега, како што пренесуваат неговите најблиски, комплетно насочувајќи ги мислите како да го преземе бизнисот на Мино и да го продолжи со целата своја сила.

Ибрахимовиќ, ккао што пренесуваат Италијанците, е подготвен да ја преземе менаџерската агенција на Раиола во партнерство со братучедот на Мино, Винченцо Раиола.

Се вчитува...