Ибраими, Алими и Мици не се согласуваат со новите понудени финансиски услови од Шкендија

Бесарт Ибраими, Арменд Алими и Гледи Мици се пред заминување од Шкендија. И тројцата, по истекот на договорите со клубот, како што дознаваме, не се согласуваат со новопонудените услови за соработка од тетовскиот прволигаш.

Шкендија, поради пандемијата на коронавирусот, понудила далеку пониски договори за тројцата стандардни првотимци. Но, сето тоа ниту од далеку не е задоволувачки за Ибраими, Алими и албанскиот интернационалец Мици.

И тројцата имаат понуди од неколку прволигаши од Албанија и од Косово. Остануваат уште финалните преговори со Шкендија, па доколку не се постигне заеднички договор ќе следи нивно заминување од клубот од каде веќе исписници добија Фазли и Чешмеџиев, како и Марјан Радески кој исто така треба да добие слободни документи.

Се вчитува...