Ибраими го постигна и четвртиот гол за Домжале сезонава

Македонскиот офанзивец Агим Ибраими го постигна и четвртиот гол сезонава во дресот на словенечки Домжале.

Ибраими стрелаше во денешната победа на Домжале од 3-1 против Кршко во 34. коло од шампионатот на Словенија, постигнувајќи го во 86. минута третиот гол за домашните.

Домжале е сигурен на третата позиција на табелата, на две кола до крајот на првенството, со веќе обезбеден настап во квалификациите за Лигата на Европа следната сезона.

Се вчитува...