Ибраими: Ќе одиграме најдобро што можеме, да бидеме чисти пред себе…

Бесарт Ибраими доби заслужен одмор на последниот лигашки дуел со Беласица, па најдобриот фудбалер на Шкендија сега одморен ќе го дочека реваншот со Розенборг. Тој потсети дека самиот пласман во плејофот за влез во Лигата на Европа е успех сам по себе, но и најави дека тетовци ќе сторат се за да го изненадат Розенборг на утрешниот реванш.

„Трет пат сме дел од плејофот, што е голем успех за нас, ниту еден клуб претходно три години по ред не стигнувал до овој дел од квалификациите. Секако дека сакаме конечно да ја минеме и оваа рунда, да влеземе во групната фаза и да испишеме нова историја за нашиот клуб. Едно е сигурно, ние ќе одиграме најдобро што можеме, за да бидеме чисти пред себе. Секако дека сакам да постигнам гол и да помогнам да стигнеме до нов триумф“ – истакна Ибраими.

Бесарт Ибраими беше стрелец на пет гола во квалификациите за Лигата на шампионите, но последниот погодок на одличниот голгетер е постигнат на 24 јули, кога од слободен удар ја затресе мрежата на Шериф.

Се вчитува...