Ибраими: Не беше лош ден со Тиквеш, влезени сме во мала криза

Капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими, верува дека неговиот тим експресно ќе им се врати на победите на претстојниот натпревар против Башкими од Куманово, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Гостивар.

По одличниот старт и петте последователни победи, тетовци влегоа во мини-криза, доживувајќи пораз од Тиквеш, по што следуваше и реми против екипата на Арсими. Искусниот напаѓач отворено признава дека тимот во моментов минува низ мал пад на формата, но потенцираше дека атмосферата останува позитивна и дека сите фудбалери се максимално мотивирани да ја прекинат серијата без триумф.

„Ако бидам искрен, по натпреварот со Тиквеш мислевме дека станува збор за лош ден, но кога тоа се повтори и против Арсими, можам да кажам дека се наоѓаме во мала криза. Сепак, тоа им се случува на сите екипи. Оваа недела работевме добро и подготвени сме да одговориме на теренот. Нормално е да има замор. Европските натпревари носат многу поголем физички напор и веројатно тоа е една од причините. Но, подготвени сме да одиграме квалитетен натпревар против Башкими. „Го почитуваме Башкими. Видовме дека во последното коло одиграа 3-3 против Вардар. Но, ако ние бидеме на нивото на кое знаеме да играме, верувам дека нема да имаме проблеми“, изјави Ибраими. 

Се вчитува...