Шкендија не успеа да постигне гол во првото полувреме против Розенборг (0-0), иако имаше неколку одлични шанси. Најголемата ја пропушти Бесарт Ибраими во 21.минута, со оглед дека не реализира пенал, кој самиот го изнуди. По првиот дел, без голови е на реванш дуелот во плејоф колото во Лигата на Европа, меѓу Шкендија и Розенборг, на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Шкендија тргна офанзивно од самиот почеток, а Енур Тотре во втората минута упати силен удар од 25 метри, кој голманот на Розенборг, Андре Хансен, го одбрани. Потоа македонскиот првак постигна гол, но беше поништен поради офсајд позиција, а во 17.минута Арменд Алими шутираше од работ на шеснаесетникот, но Хансен одбрани.
Три минути подоцна, пенал за Шкендија. Бесарт Ибраими беше соборен во шеснаесетникот, а истиот играч не успеа да го реализира ударот од белата точка. Хансен одбрани, а топката од дирекот се одби во поле и проопадна најзрелата можност за водство. Веќе во следната акција, Изаир Емини исто така пропушти убава шанса за погодок.
Бесарт Ибраими во 34.минута повторно се закани со удар од далечина, но шутираше за малку крај голот. Во следниот напад, Стенио Жуниор беше во шанса, но неговиот удар со глава не беше прецизен.
По првиот дел, резултатот на арената „Филип Втори“ е 0-0, а Розенборг и понатаму ја има предноста (3-1) од првиот меч во Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА