Ибракадабра магија веднаш и во Ел – Еј (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ ја покори Америка уште на првиот натпревар. Тој вечерва го имаше своето деби за тимот на Лос Анџелес галакси и постигна два гола за 20 минути, носејќи му триумф од 4-3 на својот тим против градскиот ривал Лос Анџелес.

Карлос Вела претходно постигна фантастичен гол за гостите, но Златан Ибрахимовиќ покажа зошто се уште е еден од најдобрите светски фудбалери. Влезе во 71.минута и до крајот на мечот самиот направи комплетен пресврт и донесе победа за Лос Анџелес галакси. Првиот негов гол беше неверојатен, постигнат од преку 40 метри…

Се вчитува...