Ибракадабра за само четири минути го реши Интер: Дербито „Дела Мадонина“ за Милан (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ во само четири минути го реши Интер во големата дерби-пресметка од 4. коло во Серија А, за триумф на Милан од 1-2.

Популарниот Ибра со два погодоци во 12. и во 16. минута донесе водство за 0-2 на натпреварот. Најпрво, Швеѓанецот се избори за пенал, Хандановиќ му го одбрани ударот од белата точка но по одбиената топка потоа прецизно шутираше за 0-1.

 

Веќе во 16. минута одлично нафрли Леао од левата страна а Ибрахимовиќ постигна гол за 0-2.

 

Интер, до крајот единствено што успеа е преку Лукаку во 28. минута да го ублажи поразот.

 

Милан одлично ја стартуваше новата сезона во Серија А, со четири победи од исто толку натпревари.

Во вториот попладневен натпревар од ова коло во италијанскиот шампионат Самдпорија убедливо со 3-0 на домашен терен славеше против Лацио.

Се вчитува...