Идеална ждрепка за Шкендија: Против Њу Сентс од Велс!

Македонскиот шампион Шкендија ќе игра против шампионот на Велс, Њу Сентс во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите, одлучи денешната ждрепка во Нион!

Тетовци добија посакувана ждрепка избегнувајќи далеку поквалитетни противници на стартот од натпреварувањето во квалификациите за ЛШ.

Во првиот натпревар на 10. или 11. јули Шкендија ќе биде домаќин, а реваншот во Велс е на 17./18. јули.

Се вчитува...