Иџе: Големо е задоволството по освениот трет трофеј, срушивме рекорди на осум патеки

Седум триумфи и три втори места на вкупно десетте трки го обезбедија Европскиот трофеј за најдобриот автомобилист во Македонија

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција за Игор Стефановски – Иџе, трократниот европски шампион во автомобилизам.

–       Огромна чест и задоволство ми е што до нас го имаме Европскиот автомобилистички шампион . Неговите резултати не обврзува нас, како Агенција за млади и спорт, а се надевам и целиот негов тим, да стоиме и понатаму зад неговите настапи од причина што Иџе е пример како се сака спортот, како се бранат боите на соспствената земја, како вистински се претставува татковината, истакна директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Стефановски на последната трка во Бузет, Хрватска, триумфираше на двете трки со што ја потврди својата доминација во шампионатот  за ридско-планински тркипоставувајќи нов рекорд на патеката.

За Стефановски ова е трета титула откако првите две ги освои во 2014-тата и 2015-тата година.

Седум триумфи и три втори места на вкупно десетте трки го обезбедија трофејот за најдобриот автомобилист во Македонија.

–       Освојувањето на третиот трофеј ми обезбеди влез во историјата на ридско планински европски натпреварувања, како единствен освојувач на три титули, а за да биде задоволството уште поголемо, рушевме рекорди на осум патеки, истакна Стефановски.

Се вчитува...