Иџе на подиум во Нирбургринг, стигна до второто место

Македонскиот возач Игор Стефановски – Иџе го освои второто место на првата трка на Нирбургринг, во рамките на ЕТЦЦ шампионатот. Тој имаше одлична трка и на крајот успеа да обезбеди место на подиумот.

Стефановски стартуваше од вториот ред, како четврти по квалификациите, и успеа да се искачи две места погоре со одлично возење во првата трка.

Првото место му припадна на Чехот Петр Фулин, а Стефановски во финишот успеа да го прејде и Португалецот Фабио Мота, кој трката ја заврши на третата позиција.

Се вчитува...