Иџе по триумфот во Нирбургринг: Ова е историја, верувам ќе следат уште поголеми успеси

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе одржа прес-конференција во Телеком иновативниот центар на Македонски Телеком по извонредниот успех и триумфот  на патеката Нирбургинг во рамките на ЕТТЦ шампионатот изминатиов викенд.

Победничка атмосфера во тимот АКК Стефановски. Феноменалниот трет викенд во ФИА ЕТЦЦ 2017, ја донесе историската победа на Игор Стефановски Иџе.

„Навистина сме пресреќни по еден ваков успех, запишувајќи историја за македонскиот спорт. Верувам дека овој резултат од Нирбургринг овозможи нова национална спортска радост“ – истакна Стефановски на средбата со медиумите претставувајќи го својот тим кој носи заслуга за неговите успеси.

pres idze

Победата на втората трка како и второто место во првата трка на Нирбургринг на Стефановски му донесе нови 18 поени со што успеа да се искачи нагоре во табелата во генералниот пласман. Иџе сега има 33 поени, со што се најде на третата позиција во генералниот пласман. Повеќе од него имаат само Фулин кој со 43 е на второто место и Шрејбер со 44 поени, кој е прв на табелата. Разликата помеѓу тројката најдобри не е голема, посебно ако се има во вид дека до крајот на ФИА ЕТЦЦ шампионатот остануваат уште три трки.

pres idze 2

Од АКК Стефановски на прес-конференцијата израција и огромна благодарност до сите компании кои го препознаа и веднаш го поддржаа предизвикот, националната екипа на Македонија на чело со Игор Стефановски Иџе да се бори за победи во ФИА ЕТЦЦ 2017 меѓу кои Агенција за млади и спорт на РМ, Мотоцентар, Државна Лотарија на Македонија, Триглав, Македонски Телеком…

Се вчитува...